logo
logo
logo

Синди Крафорд се прости од својот син со трогателни зборови

Vecer | 20.10.2026

Синди Крафорд се прости од својот син со трогателни зборови

Скршена од загубата, таа изјави дека семејството секогаш ќе го сака и ќе го чува споменот за него. „Неизмерно сме скршени од загубата на нашиот сакан син и брат. Се чувствуваме благословени што го имавме Пресли во нашите животи 27 години. Тој беше нежна и прекрасна душа, која сакаше и беше сакана – сега и засекогаш“, напиша манекенката.

Таа додаде дека се горди на начинот на кој нејзиниот син се однесувал кон светот – со добрина и ранливост – и дека се благодарни за огромната поддршка што ја добиваат.

„Благодарни сме за љубовта и поддршката што ни ја покажаа многумина кои го познаваат и сакаат нашето семејство, како и целосни непознати луѓе кои ја споделуваат нашата болка. Додека повторно не се сретнеме, наше мило момче. Ќе те сакаме засекогаш“, напишаа мама, тато и Каја во објава на Инстаграм.

На крајот од објавата, Синди му се заблагодари на фотографот Себастијан Фаена, кој ја направил фотографијата што таа ја избра за да се прости од својот син. „Ти благодарам, Себастијан Фаена, што ја направи оваа прекрасна фотографија“, напиша таа.

Инаку, Пресли Вокер Гербер, синот на Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер, почина на 20 септември 2026 година, на 27-годишна возраст. Тој беше помлад брат на манекенката Каја Гербер.

Семејството сега се прости од него со емотивна порака, нагласувајќи дека засекогаш ќе го чуваат споменот на него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk