logo
logo
logo

Шон Пен доби „железен Оскар“ во Украина

Vecer | 19.03.2026

Шон Пен доби „железен Оскар“ во Украина

Олександр Перцовски, извршен директор на Украинските железници, сподели видео на „Икс“ во коешто на 65-годишниот актер му ја подарува железната фигура што наликува на филмскиот „Оскар“. Материјалот за статуетката е земен од воз што го оштетила руската армија, како што вели Перцовски во видеото.

„Не можевме да го оставиме нашиот голем пријател и лојален патник на украинските железници без награда“, напиша тој во објавата.

Пен му се заблагодари за „железниот Оскар“, како што директорот на железницата ја нарече наградата. Зборовите „Не го стопивме во оружје“ се врежани на статуетката.

Актерот не присуствуваше на доделувањето на најпрестижните награди во светот на филмот во Лос Анџелес, каде што го доби својот трет „Оскар“. Тој беше награден за својата споредна улога во политичкиот трилер „Една битка по друга“ којшто беше прогласен и за најдобар филм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го прими глумецот во неговата официјална резиденција во Киев. Тој потсети дека Пен го посетил Киев и во раните почетоци од војната во февруари 2022 година. „Шон, благодарение на тебе, знаеме што значи да се биде вистински пријател на Украина... Знаеме дека ќе продолжите да ја поддржувате нашата земја и нашиот народ“, напиша Зеленски на својот интернет-простор.

Во ноември 2022 година, за време на неговата посета на Киев, Шон Пен му врачи една од своите статуетки „Оскар“ на претседателот Зеленски. Украина е во војна со Русија повеќе од четири години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk