Пејачката отпеа еден од своите хитови со публиката, а видеото од настанот брзо се прошири.
Дион се појави пред публиката во тесен црн фустан со долг крзнен раб. Додека го пееше својот француски хит од 1995 година, „Pour que tu m'aimes encore“, таа комуницираше со публиката преку гестови и се нишаше во ритамот на музиката.
Концерти по паузата
Пејачката неодамна пристигна во Париз од својот дом во близина на Лас Вегас. Нејзиниот престој не е само одмор, бидејќи овој месец започнува серија концерти во арената „Париз Ла Дефенс“ во Нантер.
Планирани се вкупно 26 настапи за периодот од септември оваа година до мај 2027 година. Тоа е нејзината прва серија концерти откако ја откажа светската турнеја „Храброст“ за 2023 година, бидејќи ѝ беше дијагностициран синдром на вкочанета личност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата