Окружниот суд во Лос Анџелес во понеделник, 1 јуни, издал наредба со која му забранува да се приближува на помалку од 90 метри, или 100 јарди, од нејзиниот дом во Холивуд Хилс, каде што живее со својата сестра и партнерот, пишува списанието Far Out.
Вознемирување и обид за кражба
Барањето за забрана за пристап поради граѓанско вознемирување е поднесено на 29 мај. Во него се наведува дека Аплгејт ја следел пејачката од 20 април, а ситуацијата ескалирала на 23 мај, кога дошол до нејзината влезна врата и наводно се обидел насилно да ја отвори. Во својата изјава, Карпентер го опишала инцидентот како „длабоко вознемирувачки“ обид да се приближи до неа.
Тврдел дека пејачката го очекувала
Кога обезбедувањето се обидело да го отстрани од имотот, Аплгејт одбил и дал „скандалозни и целосно лажни“ тврдења дека пејачката го очекувала. Полицијата набрзо пристигнала и го уапсила. И покрај ова, тој се врати на истата адреса два дена подоцна.
Изјава на пејачката
„Поради неговото постојано следење, нелегално влегување и надзор, страдам од тешка и продолжена емоционална вознемиреност“, напиша Карпентер, 27, во потпишана изјава. „Се плашам што би можел да направи ако овој суд не го запре.“
Таа додаде дека неговото однесување укажува на опасна опсесија. „Неговото лудо инсистирање дека ме познавал и дека го очекував покажува опасна, нереална и ирационална фиксација кон мене“, рече таа, опишувајќи го обидот да влезе во нејзиниот дом како „едно од највознемирувачките кршења на личната безбедност и приватност што некогаш сум ја доживеала“.
Полиција: Однесувањето претставува зголемен ризик
Детективот на полицијата во Лос Анџелес, Питер Думанис, се согласи со таа проценка, наведувајќи дека „однесувањето на Аплгејт е во согласност со добро познат модел на следење што претставува сериозен и зголемен ризик за безбедноста на жртвата“. Судското рочиште во овој случај е закажано за 17 јуни.
Пауза по напорна година
Пејачката моментално прави пауза од турнеите по исклучително напорната 2025 година, во која настапуваше на голем број големи фестивали, вклучувајќи ги Primavera Sound во Барселона и BST Hyde Park. Неодамна соработуваше со Мадона на „Bring Your Love“, која ја изведоа за време на настапот на Сабрина на Коачела во април.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата