Раперот Пи Диди завршил во самица поради тепачка во затвор

Vecer | 28.07.2026

Раперот Пи Диди завршил во самица поради тепачка во затвор
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Шон Диди Комбс, познат како Пи Диди, во октомври 2025 година беше осуден на 50 месеци затвор под обвинение за поттикнување или овозможување проституција.

Познатиот музички магнат Шон „Диди“  оваа недела бил сместен во самица по тепачка со друг затвореник. Според TMZ, музичарот влегол во жестока расправија поради острите критики упатени кон него од друг затвореник, поради што „ја зел работата во свои раце“.

Повеќе извори наведуваат дека затворениците во затворот „Форт Дикс“ се тепале и се туркале меѓусебно. Затворскиот персонал ги раздвоил мажите, а Комбс бил сместен во самица, велат изворите. Не е познато дали тој сè уште се наоѓа таму или дали конфликтот ќе влијае на датумот на неговото ослободување во 2028 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk