Меѓу првите што се збогуваа беа Долф Лундгрен и Силвестер Сталоне, со кои Чак глумеше во „The Expendables 2“.
Лундгрен сподели заедничка фотографија на Инстаграм со емотивна порака.
- Чак Норис беше шампион. Дури и кога бев млад борец, а подоцна и во филмскиот свет, секогаш го почитував како пример за углед. Тој беше човек кој имаше почит, понизност и сила да биде вистински маж. Ќе ни недостигаш, пријателе мој - напиша тој.
- Беше прекрасно да се работи со Чак. Тој беше вистински Американец во секој поглед. Одличен човек. Моето сочувство до неговото прекрасно семејство“, напиша Сталоне.
- Најдлабоко сочувство за смртта на мојот пријател Чак Норис. Се познававме од моите рани денови и секогаш го почитував човекот што беше. Моето срце и молитви се со неговото семејство. Никогаш нема да биде заборавен - Жан-Клод Ван Дам изрази сочувство до семејството.
- Тукушто слушнав дека легендата, г-дин Чак Норис, починал. Ми беше чест да соработувам со него. Ќе го чувам тоа искуство во моето срце засекогаш. Испраќам љубов, почит и искрено сочувство до семејството - актерот Џо Пископо се сети на Норис.
„Молитви за семејството, пријателите и фановите на легендарниот Чак Норис. Почивај во мир, Вокер, Тексашки ренџер“, рече поранешната ѕвезда на НФЛ и аналитичар Роберт Грифин III.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата