logo
logo
logo

Отворена аудиција за танчари за концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ

Vecer | 21.04.2026

Отворена аудиција за танчари за концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ

Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 6 јуни ќе одржат голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Но, двајцата музичари им даваат шанса на нивните фанови да бидат директни учесници на концертот и да настапат со нив на сцената во Скопје. На 25 април (сабота) од 11 часот ќе се одржи аудиција за сите кои имаат талент за играње, а имаат над 17 години.

Станува збор за перформанс на две песни, а танчарите избрани преку аудицијата ќе бидат дел од целосно сценско шоу.

Аудицијата ќе се одвива во форма на работилница – пријавените учесници ќе учат кореографија, потоа пред жирито ќе танцуваат во мали групи, а секој ќе има можност да покаже што знае и преку freestyle. 

Најдобрите 6 ќе бидат избрани од тричлено жири, меѓу кои и Јован Јованов, и во текот на следниот месец ќе имаат проби за да настапат на концертот.

Освен аудициите, на крајот на април, Јован и Елвир ќе ги најават и гостите за големиот концерт – 8 познати имиња од земјава и регионот.

Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ ќе биде вистинско освежување пред почетокот на летото, настан кој ќе ја разбуди носталгијата на неколку генерации.

Картите се во продажба преку MK Tickets и веќе се распродаваат. И не заборавајте: спремете си бел оутфит, зашто темата на концертот и дрес кодот е – бело.

Повеќе детали и формулар за пријава

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk