logo
logo
logo

Нов удар за Бред Пит: Уште едно дете сака да се откаже од неговото презиме

Vecer | 23.07.2026

Нов удар за Бред Пит: Уште едно дете сака да се откаже од неговото презиме

По стапките на Шајло, Захара и Медокс, и 18-годишната Вивиен одлучи официјално да го користи само презимето на мајка си Џоли.

Најмладата ќерка на славниот актер и Анџелина Џоли поднесе барање за официјална промена на името, со цел да се откаже од презимето на татко си Бред Пит.

Според судските документи поднесени до Вишиот суд во округот Лос Анџелес, таа сака нејзиното име да се промени од Вивиен Маршелин Џоли-Пит во Вивиен Маршелин Џоли.

Како причина за промената се наведени „лични причини“, а рочиштето е закажано за 2 ноември. Ова не е првпат Вивиен јавно да ја покаже својата желба да се дистанцира од презимето на татко си.

Во мај 2024 година, додека работеше како продуцент на бродвејската претстава „The Outsiders“ заедно со нејзината мајка Анџелина Џоли, таа во театарската програма беше наведена едноставно како Вивиен Џоли.

Вивиен, родена во 2008 година заедно со нејзиниот брат близнак Нокс, сега е четвртото дете на поранешниот холивудски пар што одлучило да се откаже од презимето на таткото.

Нејзината постара сестра Захара (21) и братот Медокс (24) претходно го направија истиот чекор, бидејќи и тие сакаат официјално да го користат само презимето Џоли.

Според законите во Калифорнија, поединците што сакаат да го променат своето име или презиме се должни да објават јавно соопштение во весник четири последователни недели пред судското рочиште – чекор што Захара и Медокс веќе го презедоа, пренесува CdM.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk