logo
logo
logo

Никол Кидман видена со овој бизнисмен по разводот

Vecer | 24.07.2026

Никол Кидман видена со овој бизнисмен по разводот

Холивудската дива Никол Кидман беше забележана во друштво на инвеститорот Мајкл Рајнштајн, само неколку месеци откако го заврши бракот со Кит Урбан.

Холивудската актерка, 59 годишната Никол Кидман го привлече вниманието на јавноста откако беше забележана во Италија со Мајкл Рајнштајн, инвеститор во приватни капитални фондови, само неколку месеци по нејзиниот развод од музичарот Кит Урбан.

За време на викендот, актерката беше фотографирана пред хотел во Портофино, каде што разговарала со Рајнштајн.

На фотографиите објавени од „Page Six“, Кидман е прикажана во елегантен комплет од свила во крем боја, составен од топ и здолниште, додека бизнисменот бил облечен лежерно – во сина кошула, шорцеви и очила за сонце.

Двајцата изгледале опуштено и насмеано за време на разговорот, а Рајнштајн дури и се навалил кон хотелскиот прозорец низ кој разговарал со актерката додека си заминувал.

Иако фотографиите привлекоа значително внимание, природата на односот меѓу Кидман и Рајнштајн останува непозната, а претставниците на актерката не ја коментираа нивната средба.

Мајкл Рајнштајн е основач на глобалната компанија за приватен капитал „Реџент“ (Regent), која ја основал во 2013 година и во која ја извршува функцијата претседател и главен директор за инвестиции. Тој е и коосновач на американската телевизиска мрежа USN.

Никол Кидман моментално е слободна по разводот од Урбан. Двојката беше заедно речиси две децении, а официјално се разведе во јануари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk