Проектот, наречен Together California, како што објави ABC 7, имаше големо отворање минатиот петок, а неговата главна цел е да ги задржи заедно браќата и сестрите кои влегуваат во системот за згрижување.
Бејл ја објасни мисијата на проектот за ABC 7. „Нашата работа е да ја претвориме нивната тага и болка во љубов, надеж и чувство за иднината“, рече тој.
Дом за браќа и сестри
Комплексот се простира на околу илјада квадратни метри. Содржи 12 опремени куќи, од кои две се студија наменети за млади луѓе кои го напуштаат системот и започнуваат самостоен живот.
Во округот Лос Анџелес, кој со повеќе од 30.000 деца има најголем број згрижени деца во Соединетите Американски Држави, ваквите проекти се исклучително важни. Организаторите објавија дека населбата ќе понуди програми насочени кон стабилност, поддршка и грижа.
Извршниот директор на Together California, Тим Меккормик, во изјава рече: „Ова е место каде што сите се добредојдени, место кое ги зближува семејствата и создава заедница; место каде што можете да најдете надеж во најтешките времиња“.
Од идеја до реализација
Бејл, кој има две деца со сопругата Сиби Блажиќ, рече дека родителството го поттикнало да размисли за условите во кои децата растат без родителска грижа.
Неговата мотивација ја потврди и МекКормик, кој за „СФ Гејт“ во 2025 година изјави: „Бејл рече дека мора да бидеме подобри“. Двајцата ги здружија силите во 2022 година и ја основаа „Тугедер Калифорнија“ за да ја остварат таа идеја.
Проектот беше финансиран од донации, а Австриско-американскиот совет Запад помогна да се соберат речиси девет милиони долари. Кетрин Баргер од Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес, исто така, даде значителна поддршка за имплементацијата.
По свеченото отворање и симболичното сечење на лентата, организаторите потврдија дека првите станари ќе почнат да се вселуваат во новата населба следниот месец.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата