Семејството Кардашијан-Џенер својата слава ја постигна токму преку реалното шоу „Keeping up with Kardashians“ кое првпат се прикажуваше пред 15 години, а од тој период до сега Ким стана успешна бизнисменка.
За време на реалното шоу таа се запишала на факултет и се обучувала да стане адвокат. Нејзината главна цел е да ги ослободи невините луѓе во затвор. Покрај тоа, таа е сопственик на компаниите „ „Skims“ и „SKKN“.
По повод својот роденден, Ким на Инстаграм профилот објави голем број честитки од страна на семејствотои блиските пријатели, меѓу кои се најдоа и бројни познати личности.
На дел од честитките се и стари фотографии од Ким, на кои изгледа доста поразлично од денес.




© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата