logo
logo
logo

Холивудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавноста

Vecer | 15.08.2026

Холивудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавноста

Бриџит Фонда била забележана неделава во Лос Анџелес, за време на едно од своите ретки појавувања во јавноста.

Пензионираната 62-годишна актерка е фотографирана како излегува од ресторан во друштво на асистентката .

Бриџит на себе има обична  маица на риги и црни панталони и воопшто не неликува на онаа русокоса убавица од деведесетите година на минатиот век.

Фонда ретко се појавува во јавноста откако го напушти Холивуд пред повеќе од дваесет години.

Ѕвездата на филмот *Single White Female* се појавува многу ретко во јавноста а, најголемо медиумско внимание привлече нејзиното излегување со сопругот Дени Елфман.

Тоа се случи кога беа фотографирани заедно за првпат по 16 години, по враќањето од патување во Лос Анџелес. Таа се омажи за поранешниот фронтмен на бендот „Оинго Боинго“ (Oingo Boingo) во 2003 година.

Една година подоцна, парот објави дека Фонда очекува дете, а својот син Оливер го добија на почетокот на 2005 година. Актерката, позната и по улогата во *Кум 3* (The Godfather Part III), се повлече од глумата за да се посвети на одгледувањето на својот син, кој сега има 21 година.

Бриџит Фонда потекнува од познато актерско семејство; таа е ќерка на Питер Фонда, внука на Џејн Фонда и внука на Хенри Фонда. Во 2023 година, таа му изјавила на еден папарацо дека нема намера да се врати на глумата бидејќи е „прекрасно да се биде обичен граѓанин“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk