За оваа невидена трагедија зборуваше и балканската музичка ѕвезда, Харис Џиновиќ кој изрази жалење за големата несреќа и трагедија.
Тој откри дека и самиот има настапувано неколку пати на места каде што може да избие пожар во секунда.
-Сум видел премногу во кариерата. Како да гледам на трагедија во која загинаа млади луѓе без причина, поради невнимание на другите. Мислам... Нема што да се каже во вакви прилики. Загинаа млади, загинаа и постари, но кога има таква ситуација и кога има таква трагедија, нема што многу да се каже - изјавил Џиновиќ за српските медиуми.
Тој изјави дека низ целиот Балкан има клубови кои не се соодветно опремени со противпожарни излези и системи.
- За жал, премногу од тоа видов во мојата кариера. Пеев по разни клубови и дупки, а што знам, не знам веќе каде не сум бил. Ќе требаше многу да се направи за да се создаде безбедносна ситуација и да се подигне нивото на безбедност на сите присутни таму. Треба да работиме на тоа, но... Доцниме на сите работи - објасни Џиновиќ.
Тој изјави и дека „обично нешто треба да се случи за луѓето да реагираат“.
Овие работи требаше да се превенираат - Тоа е она што ме нервира цел живот. Значи треба да почекате нешто. Почина човек, велат дека никогаш не бил на лекар. Затоа и починал бидејќи не отишол на лекар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата