logo
logo
logo

Јелена Розга се мажи за 11 години помладиот Иван

Vecer | 04.02.2025

Јелена Розга се мажи за 11 години помладиот Иван

Балканската музичка ѕвезда Јелена Розга се мажи за синот на  легендарниот композитор, музичар...Тончи Хуљиќ, Иван!

Како што ексклузивно дознава Курир.рс. , свечената церемонија ќе се одржи во Сплит наесен.

Семејството и најблиските пријатели ќе бидат на забавата, па поканите ќе пристигнат на околу 500 адреси. Но, тоа не е се. Идните младенци ќе имаат дури две свадби. Една во Хрватска, а втората ќе биде на некоја егзотична дестинација.

Моментално во домот на Розга и Хуљиќ се избира дали тоа ќе бидат популарните Малдиви или Бали.

- Во домот на Јелена и Иван се почесто се слушаат свадбени ѕвона. Толку долго го чекаше вистинскиот и тој е тука. Останува само официјално да кажат кога ќе се венчаат и да ги поканат пријателите и семејството да бидат сведоци на нивната љубов во најубавиот момент, а тоа е свадбената церемонија. Се зборуваше дека ќе биде на лето, но има сите шанси да биде наесен - вели добро информиран извор близок до парот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk