logo
logo
logo

И должи на Шпанија 14,5 милиони евра: Шакира седнува на обвинителска клупа - и се заканува затвор!

Vecer | 30.07.2021

И должи на Шпанија 14,5 милиони евра: Шакира седнува на обвинителска клупа - и се заканува затвор!

Во огромни проблем се најде светски познатата колумбиска поп-sвезда Шакира, која наскоро ќе се најде на обвинителна клупа, и тоа поради наводно „затајување данок“. Имено, шпанскиот суд оцени дека гледа „доволно индиции“ за судење на пејачката.

Државното обвинителство во Барселона ја обвинува 44-годишната пејачка дека не платила вкупно 14,5 милиони евра данок во Шпанија, и тоа за периодот 2012 и 2014 година, но пејачката не планира да ги плати огромните милиони, а тврди и дека не направила никаква измама.

Шакира истакнува дека од 2012 до 2014 година била даночен обврзник на Бахамите, а не на Шпанија, и дека само повремено патувала во Шпанија, а дека официјално во Шпанија живеела дури од 2015 година.

Другата страна, пак, тврди дека пејачката живеела во Шпанија повеќе од 183 дена, секоја од трите спорни години, а според тоа се смета дека требало да плати данок на својот вкупен приход во Шпанија.

Доколку не се постигне вонсудска спогодба, Шакира може да заврши на обвинителна клупа и во затвор, објави во четвртокот „Ла Вангуардија“.

Да потсетиме, Шакира веќе десет години е во врска со фудбалерот на Барселона, Жерар Пике и имаат две деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk