Холивудскиот актер Мајкл Даглас моментално престојува на Мајорка, каде што му беше врачена специјалната награда „Земја на честа“ (Land of Honour) за неговиот долгогодишен придонес во промоцијата на островот и неговата култура.

Тој не присуствуваше сам на церемонијата, туку во придружба на својата ќерка Керис, која привлече речиси исто толку внимание како и нејзиниот славен татко.

Дваесет и тригодишната Керис се појави во елегантна црна комбинација, а многумина од присутните забележаа дека, како што минуваат годините, таа сè повеќе личи на својата мајка, добитничката на „Оскар“, Кетрин Зита-Џонс.
Нејзиниот едноставен, а сепак софистициран стил уште еднаш потврди зошто таа важи за една од најелегантните млади дами од холивудските семејства.
Карис неодамна ги заврши студиите по филм на Универзитетот „Браун“, а ова лето ја доби својата прва професионална театарска улога во Њујорк, толкувајќи го ликот на Нина во претставата „Галеб“ од Чехов. Покрај глумата, таа работи како модел, свири пијано и пее, со што ја продолжува уметничката традиција на своето семејство.

Мајкл Даглас со децении летува на Мајорка – каде што го поседува имотот „С’Естака“ – поради што многумина го сметаат за неофицијален амбасадор на овој шпански остров.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата