logo
logo
logo

Фото:Иванка Трамп знае и да сурфа

Vecer | 26.08.2026

Фото:Иванка Трамп знае и да сурфа

Иванка Трамп замина на нов одмор со семејството, каде што ужива во своето омилено хоби, а фотографиите од одморот фуриозно  се проширија на социјалните мрежи.

44 годишната Иванка  која е ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, покрај тоа што привлекува внимание на јавноста со својот изглед, во последно време фасцинира и со своите спортски вештини.

Таа очигледно е љубител на адреналински возбудувања, бидејќи поголемиот дел од летото го помина сурфајќи, а својот талент го покажа и за време на семејниот одмор во Костарика, каде што често патува.

Претходно Иванка со семејството летуваше на Исланд, а сега, е време за нови авантури во потоплите краишта.

Иванка ги искористи брановите и ги покажа своите вештини на зелената даска, а притоа одлично се забавуваше со својот инструктор. Таа носеше горен дел од костим за нуркање и црн долен дел од костим за капење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk