logo
logo
logo

Ситно до концертот на Емина Јаховиќ, вечерта што се најавува како еден од најочекуваните музички настани годинава

Vecer | 07.05.2026

Ситно до концертот на Емина Јаховиќ, вечерта што се најавува како еден од најочекуваните музички настани годинава

Одбројувањето започна. Останува само уште една недела до моментот кога Скопје ќе биде домаќин на една од највпечатливите музички ѕвезди на Балканот. На 14 мај, сцената на Македонската филхармонија ќе ѝ припадне на Емина Јаховиќ, дамата која не е само изведувач, туку и автор, и хитмејкер, и креатор на емоции што траат.

Дружбата со скопската публика нема да биде само обичен концерт, туку ретка можност публиката да ја доживее Емина во нејзиното најискрено и најмоќно издание - со глас што допира, со песни што раскажуваат и со енергија што се чувствува долго по последниот аплауз.

Како автор на некои од најголемите регионални хитови, Емина Јаховиќ зад себе има репертоар што ја обележа цела една генерација. „Дал она зна“, „Вукови“, „Мед“, „Пиле моје“, „Лимунада“... песни што не се само хитови, туку дел од лични приказни, спомени и емоции. Во Скопје, тие ќе звучат поинаку, поблиску, подлабоко и поинтимно од кога било досега.

Со специјално осмислен концертен концепт и продукција на високо ниво, оваа вечер ветува вистинско аудио-визуелно доживување. Амбиентот на Филхармонијата ќе ја засили секоја емоција, претворајќи го концертот, во организација на Евентум продукција, во уникатно музичко патување.

Интересот е огромен, а бројот на билети е ограничен. Влезниците се во продажба преку мрежата на https://e-ticket.mk/event.php?id=220.

Не заборавајте - 14 мај не е само датум, 14 мај е момент. Вечер кога музиката станува чиста емоција.

Не пропуштајте го концертот на Емина Јаховиќ во Македонската филхармонија закажан со почеток од 20:00 часот!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk