logo
logo
logo

(Видео) ЃОКОВИЌ ГО ЗАМЕНИ РЕКЕТОТ СО МИКРОФОН - Беше дел од публиката, па стана ѕвезда на вечерта

Vecer | 10.08.2026

(Видео) ЃОКОВИЌ ГО ЗАМЕНИ РЕКЕТОТ СО МИКРОФОН - Беше дел од публиката, па стана ѕвезда на вечерта

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, покажа едно сосема поинакво лице за време на летниот одмор во Црна Гора. Наместо на тениски терен, српскиот ас заврши на сцената на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови, каде што запеа, играше и заедно со Георгиев и Нигор го изведе познатиот хит „Тропски бар“.

Малкумина од присутните на концертот очекувале меѓу публиката да го видат еден од најпознатите спортисти во светот. Ѓоковиќ, кој моментално престојува во Црна Гора со семејството, вечерта ја поминал опуштено, без никаква дистанца од останатите гости. Се забавувал, танцувал и се дружел со луѓето, а набрзо целото внимание било насочено кон него.

Но, вистинскиот спектакл следувал кога Ѓоковиќ се качил на сцената.

Тој им се придружил на Владо Георгиев и Нигор, го зел микрофонот и заедно со нив ја запеал „Тропски бар“, песна која важи за еден од препознатливите летни хитови од регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk