logo
logo
logo

ОД ПОРАКА НА МАИЦА ДО ОГАН ВО ВОЗДУХОТ: Судбоносната приказна на Новак и Јелена Ѓоковиќ

Vecer | 20.08.2026

ОД ПОРАКА НА МАИЦА ДО ОГАН ВО ВОЗДУХОТ: Судбоносната приказна на Новак и Јелена Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ во детали раскажа како за првпат дознал за девојката која подоцна ќе му стане сопруга и мајка на неговите деца.

Јелена играла тенис во истиот клуб како и пријателот на Новак од младоста, а судбината сакала тие двајцата да се сретнат на теренот. „Таа играше тенис, но никогаш не се сретнавме додека играше. Јелена беше во врска со друг тенисер, кој е мој пријател од младоста, и тоа беше смешно бидејќи за првпат дознав за неа од пријателот кој играше во истиот клуб како и јас. Победивме во еден важен меч во регионалната лига и тој под дресот носеше бела маица на која пишуваше: 'Јелена, те сакам, ова е за тебе'. Ние тоа го коментиравме, се смеевме и се прашувавме која е таа Јелена, а тоа, се испостави, била таа“, раскажа Новак низ насмевка.

Од Баново Брдо и крстозборки до Монте Карло

Иако тогаш официјално не се запознале, Новак и Јелена се познавале преку заеднички пријатели четири-пет години бидејќи најдобриот другар на Новак одел во училиште со Јелена и биле во исто друштво. Првата непосредна средба се случила на тениски турнир на Баново Брдо кога биле деца, каде што Јелена тренирала тенис до нејзината 15-та година. Јелена своевремено откри како изгледала таа судбоносна средба на Баново Брдо: „Тој решаваше некои крстозборки, а јас бев покрај него, па ме праша да му помогнам и така заедно почнавме да решаваме, но после тоа се среќававме повремено и секогаш убаво се дружевме, но без никакви назнаки дека некогаш ќе бидеме во врска“, изјави Јелена.

Сепак, Новак признава дека бил заљубен во неа уште од средношколските денови. Романсата официјално започнала три години по првите средби, кога Новак се преселил во Монте Карло, а нејзиното поранешно момче тенисер во тој момент веќе раскинал со неа. Двојката за првпат во јавноста се појави на турнирот во Амерсфорт во јули 2006 година.

Веридба која за малку ќе тргнеше наопаку

Новак и Јелена денес се во складен брак повеќе од десет години и се горди родители на синот Стефан и ќерката Тара. Меѓутоа, малку кој знае дека моментот на веридбата бил исклучително драматичен и за малку ќе завршел со трагедија. Новак сакал да ја запроси Јелена за време на романтично возење со балон на топол воздух, за што изнајмил уште еден помошен балон. „Отидовме на возење со балон. Изнајмив уште еден балон, кој требаше да се крене во моментот кога ние ќе поминувавме и ќе пуштеше транспарент на кој ќе пишуваше 'Ќе се омажиш ли за мене?'“, се присети Новак. Во тој момент, помошниот балон се запалил, што предизвикало паника. Јелена почнала да вика: „О, боже. Имаме дупка во балонот!“, додека Новак трескавично се обидувал да ја смири ситуацијата со пилотот.

„Тогаш го видов другиот балон на кој се појави, како што тогаш мислев, реклама. Си помислив дали е овој луд, што бара оваа реклама во ова време, а потоа дури прочитав што пишува. Се свртев, а тој веќе клечеше со прстенот!“, раскажа Јелена низ насмевка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk