logo
logo
logo

ЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ од Охрид си замина со една желба: Морам повторно да дојдам

Vecer | 05.08.2026

ЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ од Охрид си замина со една желба: Морам повторно да дојдам

Античкиот театар беше исполнет до последно место, а Охрид уште еднаш покажа дека знае да препознае искрен артист. Илјадници луѓе пееја со Јаков Јозиновиќ, му аплаудираа, му подаруваа кадифени мечиња, постери и прегратки, а тој на сето тоа возвраќаше со насмевка, скромност и почит кон секој што беше дојден да го слушне.

Иако зад себе има концерти што собираат илјадници луѓе, Јаков останува момче кое цврсто стои на земја. Во краткиот разговор пред настапот откри дека неизмерно ја почитува кариерата на Тоше Проески, а призна и дека еден од највредните совети го добил од Јелена Розга, која му рекла дека единствената работа што треба да ја прави пред концерт е добро да се одмори. Совет што, вели, почнал да го применува и да не го прескокнува.

И, ако пред да застане на сцената сакаше да се одмори, на неа не штедеше енергија. Публиката во еден глас ги пееше неговите хитови, емоциите беа на секој чекор, а посебен момент беше изведбата на песна од Тоше Проески, која беше поздравена со долг аплауз.

По концертот сè што чувствуваше Јаков собра во неколку искрени реченици: Пресреќен сум, си поминав прекрасно. Охрид е неверојатен, оваа убавина е неверојатна. Немам зборови. И навистина не го кажувам ова за да им се додворам на луѓето, градот е прекрасен морам пак да дојдам за да одморам, а кога се настапите во прашање ветувам нови дружби со мојата македонска публика.

Спектаклот, во организација на Евентум продукција, заврши, светлата се изгаснаа, но впечатокот остана. Охрид доби концерт за паметење, а Јаков Јозиновиќ уште еднаш потврди дека големите кариери не се градат само со моќен глас, туку и со човечност, професионализам и почит кон публиката. Искреноста, скромноста и талентот се комбинација што публиката секогаш ја препознава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk