Кристијано Роналдо повторно предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи откако објави фотографија од неговата луксузна гаража.
Португалскиот ас позираше седејќи на хаубата на црвен Ферари, а покрај фотографијата кратко напиша: „Моите играчки“.
Сепак, вниманието на фановите не го привлече само Роналдо, туку и импресивната колекција автомобили што се гледа во позадината.
Во неговата гаража се наоѓаат некои од најскапите и најексклузивните автомобили во светот, чија вкупна вредност се проценува на повеќе десетици милиони евра.
Роналдо со години е познат како голем љубител на луксузни автомобили, а посебно место во неговата колекција заземаат хиперавтомобилите на Бугати. Сопственик е на моделите „вејрон“, „широн“ и ултраексклузивниот „ла војтур ноар“. Посебно внимание привлекува и Бугати Centodieci, еден од најретките автомобили во светот.
Овој модел развива дури 1.600 коњски сили и од 0 до 100 километри на час стигнува за само 2,4 секунди.
Покрај „бугати“, гаражата на Роналдо вклучува и „ферари Ф430“, „ламборџини авентадор“, „масерати гран-кабрио“, „мекларен сена“, „бентли континентал ГТЦ и луксузен „ролс-ројс фантом“.
Еден од најпосебните автомобили во негова сопственост е и мерцедес од Г-класата, вреден околу 600.000 фунти, кој го доби на подарок од својата партнерка Георгина Родригес за неговиот 35-ти роденден.
Објавата на Роналдо уште еднаш покажа дека луксузните автомобили се многу повеќе од хоби за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња – тие се негова голема страст.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата