logo
logo
logo

Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов, малку порано од најавеното – „Понеделнички”

Vecer | 06.07.2026

Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов, малку порано од најавеното – „Понеделнички”

Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект: енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не само песна со видео запис, туку парче уметност.

Главниот „виновник” за спојот на оваа група уметници е продукцијата „Fresh Union” зад која стои Васко Павлевски кој безрезервно се вложи тимот да е составен од најдобрите од најдобрите, односно: Мите Димовски на чело на сите вклучени во аудиото, Огнен Шапковски – уметникот позади камерата, а преубавата и добро позната Моника Црнокрак – „шанкерката” во која се вљубува главниот лик – Дарко Гроздановски.

И секако… Легендарниот Игор Џамбазов – татко на шанкерката, газдата на локалот во „masterpiece” сценариото на Шапковски, каде како главен заплет се појавува конфликтот помеѓу Игор и Дарко.

Игор Џамбазов – авторот на многу безвременски хитови, Игор Џамбазов – авторот на „Понеделнички”.

Дојде и тој понеделник каде Дарко Гроздановски по три години без авторска песна, повторно се појавува во етерот. Овој пат во ново и можеби најквалитетно руво до сега, создадено од „материјали” врз кои се темели македонската музичка уметност.

Дали вредеше чекањето, проценете сами драги гледачи и слушатели и уживајте во „Понеделнички” денес и секој ден од неделата, секоја недела.

„Сакам сите денови да се понеделници”, напиша Џамбазов, испеа Гроздановски, а Вие… Уживајте!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk