logo
logo
logo

Ситно до спектаклот на летото: Џала Брат и Буба Корели подготвени за Охрид

Vecer | 20.07.2026

Ситно до спектаклот на летото: Џала Брат и Буба Корели подготвени за Охрид

Уште неколку дена нѐ делат од еден од најголемите музички спектакли ова лето. На 31 јули, „Егоист Бич Бар“ во Охрид ќе биде домаќин на Џала Брат и Буба Корели, а интересот за концертот е толку голем што во продажба останаа само последните влезници.

Публиката ја очекува повеќе од три часа аудиовизуелно шоу, со врвна продукција, спектакуларни сценски ефекти и репертоар составен од најголемите хитови на дуото, но и песните од актуелниот албум GODZILLA, кои веќе ги освојуваат музичките топ-листи и стриминг платформите низ регионот.

По двете распродадени арени во Скопје, GOAT TOUR пристигнува и во Охрид, носејќи продукција и сценско доживување какво ретко се гледа на домашната концертна сцена. Организаторите најавуваат вечер исполнета со моќен звук, светлосни ефекти и атмосфера во која илјадници фанови ќе ги пеат во еден глас најголемите хитови на Џала и Буба.

GOAT TOUR е во организација на Music Week, платформата која стои зад најголемите музички настани во регионот, а преостанатите билети за концертот во Охрид се достапни преку mktickets.mk.

Со оглед на тоа што останаа уште мал број влезници, сите што сакаат да бидат дел од оваа летна музичка приказна треба навреме да го обезбедат своето место. Со досегашната динамика на продажба, охридскиот концерт е на чекор до целосно распродавање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk