logo
logo
logo

Во недела од Охрид почнува музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија!

Vecer | 04.08.2026

Во недела од Охрид почнува музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија!

Во недела, 9 август, од Охрид започнува музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија!

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении!

Во пресрет на 8 Септември, кој оваа година во себе носи јубилеј на 35 години независност, ќе се организира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови, а како кулминација ќе биде последниот перформанс на 4 септември на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, на кој ќе настапат повеќе од 120 уметници.

Во наредниот период караванот ќе посети 11 градови низ државата, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.

Се гледаме во недела во Охрид, на емотивен и спектакуларен начин заедно да го започнеме славењето со овој перформанс!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk