logo
logo
logo

ОД СОНИШТА ЗА ЗАМОК ДО ДНЕВНАТА СОБА: Роналдо и Георгина тајно се венчаа

Vecer | 17.08.2026

ОД СОНИШТА ЗА ЗАМОК ДО ДНЕВНАТА СОБА: Роналдо и Георгина тајно се венчаа

Фудбалерот Кристијано Роналдо и Георгина Родригез го изговорија судбоносното „да“ во строга тајност во својот дом во Португалија. Иако сè до моментот додека Георгина не објави фотографии од бурмите ништо не се знаеше, двојката ексклузивно за „Вог“ откри детали од оваа церемонија.

Упркос бројните шпекулации за големиот ден, тие ја изненадија јавноста со скромна свадба. Церемонијата прво се одржала во нивниот дом, а потоа отишле во блиската црква, каде што Георгина, како што изјави, „не можела да ги задржи солзите“.

Георгина за магазинот „Вог“, во летното дигитално издание, раскажа: „Одлучивме да се венчаме во дневната соба од нашиот дом, овде каде што појадуваме, ручаме и вечераме и каде што го живееме нашиот вистински живот. За 30 години сакам нашите деца да си помислат: нешто прекрасно се случи на оваа маса – овде нашите родители ги изговорија брачните завети. Кога бев мала, сонував за најголемиот замок, најголемата кочија, најдолгата венчаница и круна полна со дијаманти. А сега велам: не. Сакам нешто интимно, со мојот партнер и нашите деца, дома.“

Сепак, Георгина откри дека во иднина ќе приредат „голема свадба“ на која ќе ја прослават љубовта со поширокото семејство и пријателите, но не откри повеќе детали за нивните планови.

Уште едно изненадување тој ден беше нивната облека. Двојката објасни дека и двајцата избрале „Гучи“ токму поради фактот што пред многу години се запознале во таа модна куќа во Шпанија. Го нарекоа тоа момент во кој „целиот круг се затвори“.

Георгина носеше проѕирна бела кошула и здолниште, сатенски чевли и блескав дијамантски накит од брендот „Шопард“. Кристијано, од друга страна, избра посебно скроен костум од светлобеж памук, маица и мокасини. И нивните деца беа облечени во усогласени комбинации, пренесува „Дејли Мејл“.

Двојката нема да оди на меден месец, туку веќе се врати во Саудиска Арабија, каде што Роналдо игра фудбал. Кристијано и Георгина ги имаат ќерките Алана и Бела, додека близнаците Ева Марија и Матео ги добија со помош на сурогат-мајка. Бела имаше брат близнак Анхел, кој, за жал, почина набрзо по раѓањето. Роналдо го има и синот Кристијано Џуниор од претходна врска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk