logo
logo
logo

Џала Брат и Буба Корели со GOAT TOUR утревечер ќе го покорат и Охрид

Vecer | 30.07.2026

Џала Брат и Буба Корели со GOAT TOUR утревечер ќе го покорат и Охрид

Утревечер „Егоист Бич Бар“ ќе биде местото каде што илјадници фанови ќе го доживеат најголемиот хип-хоп спектакл ова лето. Џала Брат и Буба Корели се подготвени за вечер исполнета со најголемите хитови, врвна продукција и атмосфера што долго ќе се памети.

Публиката ја очекува повеќе од тричасовно аудиовизуелно шоу со спектакуларни сценски ефекти и репертоар составен од најголемите хитови на дуото, но и песните од актуелниот албум GODZILLA, кои веќе ги освојуваат музичките топ-листи и стриминг платформите низ регионот.

GOAT TOUR е во организација на Music Week, платформата што стои зад некои од најголемите музички настани во регионот.

Вратите се отвораат во 19:30 часот, од 21:00 часот атмосферата ќе ја загрева Форора, а веќе од 22:00 часот сцената ја преземаат Џала Брат и Буба Корели.

GOAT TOUR го освојува градот – се гледаме на најголемиот музички хип-хоп спектакл на летото!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk