logo
logo
logo

„Милион ѕвезди” е најновата композиција на Влатко Иљачев – Валдера

Vecer | 31.03.2026

„Милион ѕвезди” е најновата композиција на Влатко Иљачев – Валдера

„Замижи и гледај љубов, љубов... “ Љубовта е таа која се гледа и со затворени очи. Љубовта, која е непресушен извор за песна.

Уште една таква песна во која е опеана љубовта сними и Влатко Иљачев, попознат како Валдера. Песната се вика „Милион ѕвезди“, зад која стои авторската екипа Григор Копров, кој ја напиша музиката, текстот е на Ангел Ризов, а аранжманот на Стефан Петановски. Спотот е во негова режија, а го направи со неговиот тим. Во спотот, заедно со Валдера љубовните моементи опеани во песната ги долови оперската пејачка Јулијана Деспотовска.

За само неколку дена песната на музичките платформи доживува илјадници прегледи, а тие самос е зголемуваат и зголемуваат, што е доволен показател колку е посакувана за слушање. Бидејќи, во љубовта сите може да се најдат.

„Милион ѕвезди“ е љубовна балада со модерен звук... Поп рок балада каква што одамна не сме слушнале.

-Се пее за љубовта кон жената. Единствената инспирација. А кога станува збор за љубовта кој не би се пронашол во неа, особено ако песната ги доловува сите убви моменти, а во „Милион бакнежи“ тоа го има. Песната веќе ги надмина моите очекувања, има многу прегледи. Ми се јавуваат за да ја пофалат, ја пеат, а тоа за еден пејач е најважно. Значи дека песната допрела до срце кај сите. Мислам дека недостасуваше ваква песна, која се пее и се слуша, бидејќи во неа има што да се слушне, вели задоволно Валдера.

Валдера е во музиката уште од мал, тоа е негова љубов, негова определба. Но, и покрај тоа животните предизвици го тераат да направи пауза од девет години. Сега и се врати на музиката така како што треба- целосно посветено. Но, паузата не значеше да биде далеку од музиката, напротив во тие години додека паузирал тој постојано правел песни, а дел од нив ги смести на албумот „Уживам“. На албумот има 13 песни, а од кои 10 се на македонски јазик, една на англиски и една на српски. Ова можеби е првиот албум кој се појави на брендирано УСБ.

Валдера има големи планови, меѓу кои не само подготовка на нови песни, со кои наскоро ќе изненади, но и учество на познати и признати фестивало во и надвор од Македонија. За него ѕвездите допрва ќе сјаат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk