АЛАРМ за македонска музика!

Vecer | 06.07.2021

АЛАРМ за македонска музика!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Македонија сака, Македонија може и Македонија има музика за тридневен стадионски фестивал! - се вели во најавата за Аларм фест. Настанот е закажан во периодот од 31 јули до 2 август, и тоа на стадионот Билјанини извори во Охрид. Во овој период за прв пат во историјата на независна Македонија големиот национален празник Илинден ќе биде одбележан со настапите на повеќе од 100 македонски артисти. 

АЛАРМ фест со цел да ги исполни желбите на сите возрасти и вкусови на едно место ќе ги собере Галоски, ЛД Пистолеро & Гоце Саф feat. Ронин, Donplaya & Bon Praskiza & Prince$$ Donatsu, Пајак, Ареа, Суперхикс, Бени и Нон Стоп, ДНК и Ris Flower, како и легендите Леб и сол, кои всушност и ќе го заокружат целиот настан. 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 07.07 среда преку продажната мрежа на  КУПИ КАРТИ ЗА СЕ, како и онлајн на www.kupikartizase.com 

Еднодневна влезница за партерот чини 500 денари, за трибината 800, а во ВИП делот 1000 денари. Тридневна БЛОК влезница, пак, за партерот се продава по цена од 1200 денари, за трибините 2000, а за ВИП делот 2500 денари. 

НАВИВАЈ ЗА МАКЕДОНСКА МУЗИКА!, порачуваат организаторите. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk