Актерот Милош Биковиќ наскоро ќе стане татко

Vecer | 17.09.2023

Актерот Милош Биковиќ  наскоро ќе стане татко
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Милош Биковиќ и неговата девојка Ивана Малиќ го очекуваат своето прво дете.

Веста ја објави „PulsOnline.rs“, повикувајќи се на ексклузивни информации.

Актерот е во долгогодишна врска со убавата Ивана, а веста за бременоста, како што дознава овој портал, со месеци се криела од јавноста.

Убавата Ивана е во поодмината бременост.

Таа се чувствува одлично за време на бременоста, а тие се пресреќни што наскоро ќе станат родители.

За потсетување, Милош Биковиќ за прв пат ја претстави својата избраничка пред јавноста на премиерата на филмот „Јужен ветер 2 - забрзување“ во 2021 година.

Неодамна во медиумите се пишуваше и шпекулираше дека мегапопуларниот актер дека годинава ќе стапне на „лудата камен“ и дека во Ивана нашол се што барал. Тие двајца често патуваат заедно, секогаш кога работата на Милош тоа го дозволува.

Инаку, младата Ивана потекнува од Црна Гора и е адвокатка.

Ивана и Милош се во хармонична врска веќе две години, а од почетокот на нивната љубов се под лупата на јавноста, па во порталите се појавија секакви информации поврзани со нив.

Милош Биковиќ по медиумските шпекулации  дека тој и Ивана ќе станат родители се огласи на социјалните мрежи и потврди дека неговата девојка е бремена.

- Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Засега не сакавме да го откриеме, но папараците не доведоа во ситуација да немаме избор. Ви благодариме на сите за убавите зборови и честитки, а ги молиме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашиот приватен живот. Кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема, секако ќе ве контактираме – напиша Биковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk