Линијата на долна облека за кратко време стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени за само неколку часа по лансирањето.
Треба да се напомене и дека контроверзната реклама за брендот вроди со плод и дополнително ја зголеми неговата цена и популарност. Самата колекција е спој на филмски гламур и женска сексипилност.
Избраните парчиња вклучуваат корсети од тантела и долна облека кои ја рефлектираат старата холивудска естетика по која е позната и самата Свини, според Superwoman.
-Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Сирн ја слави самодовербата без притисок, чувството да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сето тоа во ист ден. Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и никому не наметнува ограничувања“, изјави актерката за ELLE.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата