logo
logo
logo

Карлеуша се враќа на сопругот. ПРВИОТ ЧЕКОР НА “ДОБРА ВОЉА“ Е ОВАА ТАШНА ОД 20.000 ЕВРА ЗА НЕА

Vecer | 25.08.2026

Карлеуша се враќа на сопругот. ПРВИОТ ЧЕКОР НА “ДОБРА ВОЉА“ Е ОВАА ТАШНА ОД 20.000 ЕВРА ЗА НЕА

На својот 48-ми роденден, Карлеуша доби луксузна чанта „Биркин“, а шпекулациите за Тошиќ како донатор го поттикнаа интересот на медиумите.

Пејачката Јелена Карлеуша го прослави својот 48-ми роденден со стил, а меѓу многуте скапи подароци, внимание привлече и престижна чанта од брендот „Ерме“ (Hermes), вредна дури 20.000 евра.

Карлеуша го прослави својот роденден далеку од очите на јавноста, во луксузен ресторан во главниот град, во кругот на нејзините најблиски пријатели и семејство.

Сепак, и покрај тоа што прославата беше од интимен карактер, присуството на нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ предизвика огромен интерес и поттикна бројни шпекулации за нивната врска.

На 17 август, бројни букети цвеќе и ексклузивни подароци пристигнаа на адресата на нејзината луксузна вила во Дедиње, но еден се издвои како апсолутен фаворит. Поп дивата ја надополни својата веќе импресивна колекција со уште еден модел на познатата чанта „Биркин“ - овој пат во впечатлива корално црвена боја.

Станува збор за модел со големина 35, чија цена достигнува вртоглави 20.000 евра.

Сите претпоставуваат дека станува збор за Тошиќ

Иако јавноста сè уште не знае кој стои зад овој луксузен подарок, некои шпекулираат дека токму Тошиќ кој знае што таа сака а може тоа и да го плати решил да ја израдува пејачката на посебен начин, што дополнително ги разгоре гласините за obnovuvawe na нивната врска.

Познато е дека Јелена е голем љубител на модата, а нејзината колекција чанти потпишана од познатата француска модна куќа „Хермес“ се смета за една од најзавидните на домашната јавна сцена. Во нејзиниот гардеробер веќе има ретки и колекционерски предмети - од елегантни модели во бела боја, до класични беж верзии, па сè до популарниот модел „кели“, кој е синоним за безвременски луксуз.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk