logo
logo
logo

Розга со порака: Едвај чекам да дојдам во Охрид, да гледам во онаа убавина, да се напијам кафенце...

Vecer | 27.07.2026

Розга со порака:  Едвај чекам да дојдам во Охрид, да гледам во онаа убавина, да се напијам кафенце...

Розга со порака до македонската публика: „Да ја повториме магијата и љубовта во Охрид“

- Охрид е толку магично место, се радувам за 29-ти, да ја повториме таа магија и љубовта. Ќе има емоција, ќе има забава... многу се радувам... порача хрватската пејачка Јелена Розга во пресрет на големиот охридски концерт закажан на 29 јули.

Локацијата е добро позната - Античкиот театар што и годинава, на 29 јули со почеток од 21 часот, повторно ќе биде местото каде што една од најголемите регионални музички ѕвезди ќе приреди вечер за паметење.

По незаборавната атмосфера што ја создаде минатото лето, Розга повторно доаѓа во градот кој, како што и самата вели, има посебно место во нејзиното срце. Во видеопораката упатена до македонската публика, таа не го крие нетрпението повторно да застане на истата сцена.

Охрид е толку магично место, се радувам за 29-ти, да ја повториме таа магија и љубовта. Ќе има емоција, ќе има забава... многу се радувам. Репертоарот ќе го сочинуваат песни од почетокот на мојата кариера, па сѐ до денес. Едвај чекам да дојдам во Охрид, да гледам во онаа убавина, да се напијам кафенце, сокче, малку да се опуштам, па потоа да појдам до Античкиот театар“, порачува Розга.

https://www.instagram.com/reel/DbJS-rnMPXR/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=MzRlODBiNWFlZA%3D%3D

Во организација на Евентум продукција концертот се најавува како уште една спектакуларна летна ноќ под охридското небо, исполнета со љубов, емоции, безвременски хитови и атмосфера каква што само Јелена Розга знае да создаде.

Билетите се во продажба преку e-ticket.mk и веќе се во ограничен број, затоа доколку сѐ уште не сте го обезбедиле вашето место, ова е последниот повик да бидете дел од една од најочекуваните музички вечери што Охрид долго ќе ја памети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk