Поранешниот „ангел на Викторија“, манекенката Алесандра Амброзио (45), се сврши со австралискиот дизајнер и поранешен модел Бак Палмер, со кого е во врска речиси две години.
Оваа убава вест ја потврди така што објави романтични фотографии од плажа во Индонезија, каде што Бак ја запросил.
Стоеле на песокот во срце направено од ливчиња од рози, а целата плажа била целосно нивна, па можеле да уживаат во овој прекрасен момент.
На лицето на Алесандра се гледа неизмерна среќа додека тој клечи и ја запросува, а таа стои во бикини и уште еднаш го открива своето змиско тело, поради кое држи високо место на листата на најзгодни жени во светот...
„Би те избрала во овој живот и во секој друг. За засекогаш, љубов моја“, напиша таа.
Во врска се од 2024 година, а за нивната свршувачка се шушкаше уште пред неколку месеци. Алесандра зад себе има десетгодишна врска со бизнисменот Џејми Мазур, со кого има две пораснати деца, а за кого исто така беше свршена.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата