logo
logo
logo

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за скопскиот концерт

Vecer | 15.02.2026

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за скопскиот концерт

„Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години. Оваа песна доаѓа откако Јован се врати на сцената, прво со ремиксот на култната „Магија“ восоработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“ што го испеа заедно со Елвир Мекиќ.

„Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован - тој ги напиша музиката, текстот, а стои и задаранжманот на песната.

„Среќен сум што после толку години направив песна која се надевам ќе им се допадне на ониешто растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време. Исигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни“, вели Јованов.

Нашиот пејач веќе некое време е фокусиран на големиот концерт што заедно со Елвир Мекиќ ќего одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни. Билетите за концертот на Јован и Елвир се веќе во продажба, а може да се купат преку онјалн наMKTickets.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk