logo
logo
logo

Ист датум, исто место, нова енергија – ЈЕЛЕНА РОЗГА СЕ ВРАЌА ВО ОХРИД!

Vecer | 24.04.2026

Ист датум, исто место, нова енергија – ЈЕЛЕНА РОЗГА СЕ ВРАЌА ВО ОХРИД!

Охрид повторно ќе биде центар на најголемиот летен музички спектакл зашто по минатогодишната магична ноќ што долго се прераскажуваше, ова лето Јелена Розга се враќа на сцената на Античкиот театар со концерт кој ветува уште посилни емоции, повеќе хитови и атмосфера што не се пропушта. Точно една година подоцна на истиот датум, на истото место и со истата магија.

На 29 јули 2026 година, со почеток во 21:00 часот, публиката повторно ќе има можност да биде дел од вечер која веќе еднаш беше прогласена за „настан на летото“ – концерт за кој се бараше влезница повеќе и кој многумина го опишаа како спектакл каков што не се памети во градот под Самоиловата тврдина.

Во организација на Евентум продукција, концертот ќе биде реприза на минатогодишната магија, но со нова енергија и уште посилно музичко доживување.

Оваа година Јелена Розга има и дополнителна причина за славење бидејќи одбележува 30 години успешна кариера. По тој повод, таа ѝ подарува на публиката посебно изненадување, односно нов живот за легендарната песна „Бижутерија“, која добива официјален видеозапис и освежено издание.

И по 15 години, „Бижутерија“ останува симбол на една ера, песна што генерации ја прифатија како своја и од која произлезе култната фраза „жена, мајка, кралица“ – химна на женската сила и став. Со новото издание, песната добива нова енергија, задржувајќи ја препознатливата емоција што ја направи безвременска.

Понекогаш некои песни се враќаат на начин што ни самиот не го очекуваш. „Бижутерија“ е една од нив. Овој пат доби ново лице и нова енергија, а јас само ѝ дозволив да ја раскаже својата следна приказна“, вели Розга.

Уживајте во „Бижутерија“ и не заборавајте дека на 29 јули Охрид повторно ќе пее во еден глас и дека нѐ очекува вечер исполнета со хитови, емоции и магија; нова концертна приказна која долго ќе се памети. Билетите веќе се пуштени во продажба преку мрежата на e-ticket.mk.

Слушнете ја старата добра „Бижутерија“, спакувана во ново руво:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk