Во годината кога одбележува 30 години постоење, Божиновски станува поддржувач на мјузиклот „Као какао“, проект што не го враќа старо Скопје како носталгична разгледница, туку како чувство што сè уште живее: во музиката, хуморот, љубовта, креативноста и во едно време во кое градот дишел пошироко.

Ова партнерство е повеќе од поддршка на културен настан. Тоа е природно продолжување на приказната на бренд кој три децении го мери времето не само преку часовници, туку преку моменти што остануваат дел од личната и градската меморија.

„Као какао“ е мјузикл за едно Скопје кое не живее само во спомени. Тоа е Скопје на луѓе, средби, движење, леснотија, духовитост и потреба да се биде заедно. Град со свој ритам, свој шарм и своја душа.

Токму затоа, по повод својот јубилеј, Божиновски ги поддржува овие неповторливи патувачи низ времето, луѓето што преку сцена, музика и приказна нè потсетуваат дека духот на едно време не исчезнува ако има кој повторно да го оживее.

Затоа што вистинските патувања низ времето не нè носат назад. Тие нè потсетуваат што вреди да понесеме понатаму.



© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата