Иванка Трамп објави фотографии од семејниот одмор на Исланд, а објавата на социјалните мрежи предизвика низа подбивни коментари. Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп на Инстаграм сподели серија фотографии на кои со сопругот Џаред Кушнер позира во исландскиот пејзаж.
Трамп (44) во четвртокот покрај фотографиите напиша само „Исланд“. На нив парот позира покрај водопади и зелени ридови, а на некои се и нивните три деца. На една фотографија Кушнер (45) ја држи сопругата во прегратка додека се бакнуваат покрај река, а на друга ја прегрнува додека позираат пред камерата.
Негативни реакции
Фотографиите од патувањето брзо привлекоа критики на социјалните мрежи. Дел од корисниците ги коментираа семејството Трамп и нивните деловни и политички интереси.
„И оваа земја ли ја откривте?“, напиша еден корисник. Друг праша: „Купувате и градите ли и по Исланд?“ Се појавија и полични забелешки. „Би сакала да можам да почувствувам дека имаш добро срце... но не чувствувам“, стои во еден коментар. „Кого го боли грижа???!!!! Зошто таа го објавува ова???“, додаде друг.
Меѓу коментарите се најдоа и прашања како „Ја крадете ли и таа земја?“, „Ќе го опљачкате ли и Исланд?“ како и пораката „Оди си дома.“
Некои го коментираа и изгледот на Иванка Трамп, а дел од корисниците изразија загриженост поради нејзината многу витка фигура.
Една недела на северот од Исланд
Во албумот од патувањето се наоѓаат и фотографии на кои парот позира покрај цвеќиња и водопади. Иванка за излетот носи кафеави хеланки, високи кафеави чизми и зелена јакна, додека Кушнер е во зелени панталони и темносина маица. На една фотографија Иванка позира сама пред куќа и се насмевнува додека гледа кон земјата.
Парот ги фотографираше и своите деца. Арабела Роуз (15), Џозеф Фредерик (12) и Теодор Џејмс (10) се снимени како седат на клупа, додека нивните родители стојат зад нив.
Исландските медиуми објавија дека семејството приватно патувало низ Исланд уште во јуни оваа година. Според пишувањето на порталот Iceland Review, патувале од Акурејри до регионот Флјот на северот од земјата и таму поминале околу една недела.
Иванка ги објави фотографиите од Исланд неколку дена по фотографиите од летувањето на јахта, чија локација не ја откри.
Живот надвор од политиката
Иванка Трамп беше виш советник и посебна помошничка на својот татко Доналд Трамп за време на неговата прва претседателска администрација. Откако Трамп се врати во Белата куќа, Иванка се држи настрана од политиката. Претходно изјави дека сака да му се посвети на семејството.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата