„Дај ми“ е новата песна на Симона Поповска, во која современиот поп звук се спојува со медитерански ритам и летна атмосфера. Со овој сингл, Поповска продолжува да ја гради својата музичка приказна, останувајќи доследна на естетиката што ја негува.
Песната е создадена како спој на поп сензибилитет и современ денс звук, а дополнителна свежина внесува перкусионистот Бока Конга, чии живи перкусии природно се вклопуваат во аранжманот и ѝ даваат препознатлива динамика.
Музиката и аранжманот се дело на Кирил Зарлинов (Ерик Фокс), текстот го потпишува Робин Зимбаков, а продукцијата е на Дулелуд. Заедно со песната, својата премиера ја доживеа и видеоспотот, кој преку внимателно избрани кадри, впечатлива фотографија и современ визуелен пристап ја следи атмосферата што ја носи „Дај ми“. Видеото е во продукција на 20TWO.Studio, а режијата ја потпишува Крсте Шупев.

„Кога првпат ја слушнав „Дај ми“ знаев дека токму оваа композиција сакам да ја споделам со публиката. Од самиот почеток почувствував посебна енергија и емоција, а токму тоа, заедно со целиот тим, сакавме да го пренесеме и преку музиката и видеото. Се надевам дека публиката ќе ја препознае искреноста со која ја создававме оваа песна и дека секој што ќе ја слушне ќе пронајде нешто свое во неа“, вели Симона Поповска.
Со „Дај ми“, Симона Поповска продолжува да го гради својот препознатлив музички израз, спојувајќи современ звук, емоција и внимателно осмислена визуелна приказна. Новиот сингл е уште едно поглавје во нејзиниот уметнички развој, но и песна што природно го носи духот на летото. Видеоспотот за „Дај ми“ е достапен на официјалниот YouTube канал на Симона Поповска.
Уживајте во видеото:
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата