logo
logo
logo

„AI“ ЈА ПРЕЗЕМА МУЗИЧКАТА ИНДУСТРИЈА - Над милион песни под лупа, резултатите се шокантни!

Vecer | 21.08.2026

„AI“ ЈА ПРЕЗЕМА МУЗИЧКАТА ИНДУСТРИЈА - Над милион песни под лупа, резултатите се шокантни!

Според најновото истражување спроведено преку онлајн платформата „Сабмит хаб“ (SubmitHub), речиси 40 отсто од новата музика во 2026 година била создадена со ВИ.

Tаа онлајн платформа каде што музичарите можат да ги достават своите песни на музички плејлисти и блогови анализирала повеќе од милион музички нумери.

Со помош на алатката „СХ лабс“ 23,2 отсто од анализираните песни биле целосно генерирани со ВИ.

Дополнителни 15,3 проценти од песните содржеле елементи на аудио генерирано од вештачка интелигенција што потоа биле „изменети или обработени“.

Тоа значи дека вкупно 38,5 проценти од музиката објавена во текот на јули била создадена со одреден степен на вклучување на вештачката интелигенција.

SubmitHub ја лансираше алатката SH Labs претходно ова лето со цел да го истакне она што го нарекува „растечки проблем со транспарентноста“ кога станува збор за употребата на вештачка интелигенција во музиката.Алатката веќе се користи на платформите Bandcamp и Traxsource, како и на организацијата за колективно управување со авторски права GEMA. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk