logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО НА ЕВРОСОНГ, на сцената од 2027 година

Vecer | 22.05.2026

МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО НА ЕВРОСОНГ, на сцената од 2027 година

По неколку години отсуство, Македонија повторно ќе биде дел од најголемиот европски музички спектакл – Евровизија. Од Македонската радио-телевизија потврдија дека земјава планира учество на изданието во 2027 година, кое ќе се одржи во Бугарија.

Директорот на МРТ, Зоран Ристоски, на седница на Програмскиот совет соопшти дека биле реализирани разговори со претставници на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), по што е донесена одлука Македонија повторно да испрати свој претставник на престижниот музички натпревар.

Според него, враќањето на Евровизија претставува важен чекор за промоција на македонската музика, култура и уметници пред европската публика. Тој истакна дека јавниот сервис добил позитивни сигнали и поддршка од ЕБУ, како и можност за поповолни услови за повторно приклучување кон натпреварот.

Македонија последен пат настапи на Евровизија во 2022 година, а паузата беше резултат на финансиски и организациски предизвици. Најавата за враќање веќе предизвика реакции кај љубителите на фестивалот, кои очекуваат нова шанса за домашните музички изведувачи на европската сцена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk