logo
logo
logo

Џала и Буба на Охрид му приредија невиден спектакл

Vecer | 03.08.2026

Џала и Буба на Охрид му приредија невиден спектакл

Преполн Егоист бич бар, илјадници фанови и атмосфера која не стивна речиси три часа – Охрид беше домаќин на третата станица на GOAT TOUR во Македонија.

Џала Брат и Буба Корели приредија спектакуларно аудиовизуелно шоу, исполнето со врвна продукција, сценски ефекти и најголемите хитови од нивниот репертоар, како и песните од актуелниот албум GODZILLA.

Публиката ги пееше песните заедно со дуото од почеток до крај, создавајќи атмосфера која долго ќе се памети.

GOAT TOUR е во организација на Music Week, регионалната платформа која стои зад некои од најголемите музички настани.

По трите успешни концерти во Македонија, два во Скопје и еден во Охрид, GOAT TOUR продолжува со својата регионална турнеја.

Фото: Димитар Бирачоски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk