Најголемиот музички фестивал што ќе се одржи под отворено небо ова лето на 8-ми август на Ракометното игралиште во Битола, ќе биде С.О.С. фестивал.
Замислен како музички настан со префинето селектирана концертна програма од врвни македонски музички артисти, тој е и своевиден повик на музичка борба против увезениот турбофолк, шундот и кичот. Токму затоа учесниците на С.О.С. фестивал се жанровски различни, но врвни македонски музички ѕвезди кои припаѓаат на самиот крем на домашната естрада. Така, таа вечер на отворената сцена под ѕвездите ќе блескаат предводниците на новата урбана генерација – 2БОНА, кои со години го држат врвот на македонската трап сцена.
Покрај нив познатиот хип-хоп артист, рапер и продуцент Тони Зен, придружуван од својот бенд во живо ќе ги изведе своите најголеми хитови од неговата „стиховна агенда“ која урбаниот скопски рапер ќе ја донесе во свој стил на сцената на Ракометното во Битола.
Секако тука ќе биде и настапот на пејачот со кадифен глас, Влатко Лозаноски – Лозано, кој со својата емоција преточена во неговите хитови ќе и ја разгали душата на публиката на 8-ми август во Битола.
С.О.С. фестивал кој е во организација на „Fresh Union – Film, Music and Booking Agency“ е проект во рамките на Бит Фест 2026 поддржан од Општина Битола и Министерството за култура на Македонија.
Влезниците за С.О.С. фестивал се во продажба по промотивна цена од 790 денари и можат да се набават онлајн на www.wayin.mk
Фреш Унион ќе слави роденден со акција во Битола за битолчани (купи 1+1 подарок) од 01.07.2026 до 20.07.2026 само во продажните тобака на Димпо Тобако (Широк Сокак), Гроздо, Ленски мост, Нов Пазар и Tobacco Brothers (Широк Сокак).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата