logo
logo
logo

СОЛЗИТЕ НА МЕСИ И ЛАГАТА НА ГОДИНАТА: Како една непроверена вест во живо чинеше кариера

Vecer | 19.06.2026

СОЛЗИТЕ НА МЕСИ И ЛАГАТА НА ГОДИНАТА: Како една непроверена вест во живо чинеше кариера

Откако за време на натпреварот против Алжир го расплака Лионел Меси поради тешката здравствена состојба на неговиот татко Хорхе Меси, аргентинската водителка Флоренсија Пења остана без работа поради ширење лажни информации.

Во програма во живо на „Лузу ТВ“, Пења објави дека таткото на Меси починал.

– Не сакам да носам лоши вести, но таткото на Меси штотуку почина. Среде Светско првенство, тој ќе мора да замине.

Набрзо се покажа дека веста е неточна. Пења јавно се извини и поднесе оставка.

– Ѝ се извинувам на фамилијата Меси за грозниот момент кој, претпоставувам, го преживуваат. Длабоко се срамирам што бев преносител на таа болка.

Потресениот Меси се скрши пред милиони, сега протече што се крие зад солзите на најголемиот на сите времиња.

Таа додаде дека информацијата во текот на емисијата ѝ била пренесена од продукцискиот тим.

– Морам да појаснам дека таа лажна информација ми пристигна во текот на емисијата во живо. Беше потврдена од продукцискиот тим и јас им поверував. И покрај тоа, преземам свој дел од одговорноста за грешката и затоа одлучив да поднесам оставка и да ја прекинам соработката со „Лузу ТВ“. Уште еднаш од сè срце се извинувам, погрешив.

Семејството Меси потоа соопшти дека Хорхе Меси има здравствени проблеми, но дека се опоравува и ја повика јавноста да не шири непроверени информации.

Телевизијата „Лузу ТВ“ исто така објави соопштение во кое ја осуди објавата на непроверената вест и го потврди прекинот на соработката со одговорните.

– Длабоко жалиме за инцидентот кој се случи во нашата програма. За нашата телевизија е неприфатливо да се објавуваат чувствителни информации без темелна претходна проверка. Како резултат на тоа, управата на „Лузу ТВ“ одлучи да ја раскине соработката со сите одговорни лица, а Флоренсија Пења одлучи да си поднесе оставка. Ја потврдуваме нашата посветеност на одговорна, строга и полна со почит комуникација – стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk