logo
logo
logo

Се менуваат правилата за гласање на Евровизија: КОМШИИТЕ СЕ ГЛАВНИ, АМА НЕМА ДА БИДАТ

Vecer | 15.08.2026

Се менуваат правилата за гласање на Евровизија: КОМШИИТЕ СЕ ГЛАВНИ, АМА НЕМА ДА БИДАТ

Се чини дека политичкото, комшиското но и добрососедското гласање на Евровизија би можело да се огласи на најдолготрајното, но и најгледаното меѓународно музичко натпреварување во живо во светот.

Како што пишува Би-Би-Си, организаторите на Евровизискиот натпревар за песна предлагаат големи измени во правилата за да ги обесхрабрат кампањите за гласање насочени кон влијание врз резултатите од натпреварот. Според сегашниот систем, гледачите можат да гласаат до 10 пати за својот омилен изведувач преку телефон, СМС-пораки или интернет.

Сепак, во писмо до радиодифузерите што учествуваат во натпреварот, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) наводно предложила гласањето да се префрли целосно преку интернет и од публиката да се бара да ги избере трите најдобри изведувачи, наместо да гласа за еден натпреварувач повеќе пати. ЕБУ, открива Би-Би-Си, изјавила дека политички мотивираното гласање станало „постојан феномен“ и дека многумина го сметаат за „длабоко загрижувачки“.

Се чини дека последната капка што ја прелеа чашата беше тоа што во 2025 година, дури и израелската влада се вклучи во лобирањето, индиректно повикувајќи ги фановите да гласаат што е можно повеќе за претставниците на таа земја.

Песната на Јувал Рафаел „New Day Will Rise“ го освои 15-то место според гласовите на стручните судии, но ги надмина сите други учесници во гласовите на публиката, освојувајќи 297 поени. На крајот, Рафаел заврши на второто место, што предизвика негодување од неколку телевизиски компании.

Најновите предлози би ја укинале можноста за повеќекратно гласање за истата земја, иако најлојалните фанови сè уште би можеле да регистрираат дополнителни кориснички сметки користејќи различни методи на плаќање.

„Веруваме дека овие промени ќе помогнат во ублажувањето на ефектот од организираното блоковско гласање, а воедно нема да ја поткопаат праведноста или довербата во системот“, се наведува во писмото, кое првпат го објави шведскиот весник Афтонбладет. Во писмото, ЕБУ призна дека сегашниот систем на гласање влијае на перцепцијата за конкуренцијата меѓу навивачите.

„Дури и без големи платени кампањи и со систем на гласање за кој можеме да гарантираме, стана јасно дека денешната геополитичка клима поттикнува гласање за одредени изведувачи од причини кои имаат многу малку врска со нивните настапи. Ова не е ништо ново во историјата на Евровизискиот натпревар, вакви ситуации сме виделе и претходно, но овој пат тоа е постојан феномен, а за многумина е длабоко загрижувачки“, се вели во писмото потпишано од генералниот директор на EBU, Жан Филип Де Тендер, и претседателката на Референтната група за Евровизискиот натпревар, Ана Марија Бордас.

Повеќе ќе се знае, продолжува BBC, во наредните месеци. Патем, на почетокот на неделата, организаторите објавија дека телевизиските компании повеќе нема да имаат право да бидат домаќини на натпреварот ако нивната земја е вклучена во вооружен конфликт или чувствителна геополитичка ситуација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk