logo
logo
logo

Експериментот не успеа? По сите критики, Кејт Мидлтон се врати на старо (ФОТО)

Vecer | 07.09.2025

Експериментот не успеа? По сите критики, Кејт Мидлтон се врати на старо (ФОТО)

Се чини дека принцезата од Велс не можеше да ги издржи многубројните критики за нејзината нова фризура, па се врати на својата оригинална - кафеава боја.

Само неколку дена откако предизвика шок, но и критики од јавноста поради нејзината руса коса, принцезата од Велс Кејт Мидлтон (43) одлучи да се врати „на старо“.

На трибините на Светското првенство во рагби за жени во саботата, Кејт блескаше во стилски ансамбл - јакна, бела блуза и панталони кои ги комбинираше со дискретни обетки.

Сепак, токму нејзината коса привлече најголемо внимание. Принцезата од Велс не можеше да ги издржи бројните критики за нејзината нова фризура, па се врати на својата оригинална - кафеава боја.

Нејзиниот експеримент со новата боја се чини дека не успеа, па под притисок на јавноста мораше да се врати на својот оригинален изглед.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk