Јован и Елвир открија кој се ќе им гостува на концертот

Vecer | 05.05.2026

Јован и Елвир открија кој се ќе им гостува на концертот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

До еден од најочекуваните музички настани оваа сезона, концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, останува уште само еден месец – ќе се одржи на 6 јуни во арената Борис Трајковски.

Двајцата музичари, кои одбележаа цела една ера на македонската сцена, на големо се подготвуваат за концертот кој ќе биде исполнет со хитови, носталгија, емоции и врвна продукција. Јован и Елвир и претходно најавија неколку музички гости, а сега ги открија и нивните имиња – на сцената со нив ќе се појават и Пајак, Тони Зен, Маја Саздановска, Адријан Гаџа од Македонија, а од регионот Слаѓа Делибашиќ и Ѓус, но и специјален гостин изненадување (чие сценско име почнува на буквата В).

Концертот уште со самата најава  предизвикува огромен интерес кај публиката, а билетите, кои се во продажба преку MKTickets, брзо се распродаваат и веќе се во ограничен број. Концертот е замислен како „сензација во бело“, а Јован и Елвир се надеваат дека публиката ќе го следи дрес-кодот на вечерта и ќе дојде облечена во бела гардероба за уникатна визуелна атмосфера.

Не го пропуштајте концертот на 6 јуни – настан на кој старите друштва ќе се сетат на времето кога излегувале во диско, родители кои со носталгија ќе ги пеат хитовите на Елвир и Јован со своите деца, тинејџери кои на ТикТок снимаат видеа со нивните песни! Ова е еден концерт за цела Македонија и за сите генерации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk