logo
logo
logo

ОВА Е ПРОГРАМАТА за „Тиквешкиот гроздобер“ од 4 до 6 септември во Кавадарци

Vecer | 27.08.2026

ОВА Е ПРОГРАМАТА за „Тиквешкиот гроздобер“ од 4 до 6 септември во Кавадарци

Автомобил стар 98 години ќе биде дел од изложбата на олдтајмери, во рамки на годинашниот  „Тиквешки гроздобер“, соопштија на денешната прес-конференција, посветена на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација што ќе се одржи на 4, 5 и 6 септември во Кавадарци.

Организаторите најавија богата програма, што започнува со гроздоберска трпеза, па продолжува со други настани како промоција на монографија „50 години - Музеј галерија“, тајна дегустација на вино, мото-рели и таблијада, голем карневал, детски карневал, многу музика, меѓу другото и настап на „Нокаут“ и Жељко Самарџиќ.

Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов потсети дека традицијата на манифестацијата е почната од 1964 година, по мотив на богот Дионис - богот на виното.

- Традиционално, во изминатиот период се покажавме како одлични организатори, овозможувајќи сите заинтересирани од земјава и странство, да го видат нашиот белег, да ја видат нашата традиција и да видат што е и како функционира „Тиквешкиот гроздобер“ - истакна Рамов.

Од буџетот на Општина Кавадарци за оваа културна манифестација, „Тиквешки гроздобер“, се издвојуваат 6 милиони денари.

- Морам да признаам дека за самата реализација на „Тиквешкиот гроздобер“ во целиот габарит со сите форми и содржини, севкупната вредност изнесува околу 11 до 12 милиони денари, од кои 5 до 6 милиони денари ги обезбедуваме од општествено-одговорни фирми на територијата на општина Кавадарци, затоа што прославата е заедничка и прославата е на сите, кои имаат каков било удел во кавадаречкото општество - подвлече Рамов.

На секој од трите влеза во општина Кавадарци и годинава секое возило со посетители ќе добие на подарок - пакетче спакувано грозје за гостопримство.

На прес-конференцијата беше кажано дека се очекува рекорден број посетители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk