Расел Кроу привлече големо внимание со својот сосема нов и драстично поинаков изглед на Венецијанскиот филмски фестивал, каде што го промовираше својот нов документарец „Што гради љубовта“.
Кроу се појави на црвениот тепих во елегантно црно одело, бела кошула и црни чевли. Долгата седа коса ја носеше врзана во опавче, додека неговата значително ослабена фигура беше надополнета со седа брада.
Познатиот оскаровец пристигна во Венеција за премиерата на 99-минутниот документарец „Што гради љубовта“, кој раскажува интимна приказна за неговиот живот, актерската кариера, музиката и настапите во живо.
Неговата трансформација е во центарот на вниманието откако актерот неодамна успеа значително да ослабе. Кроу претходно качи многу килограми за улогата на Херман Геринг во историската драма „Нирнберг“. За време на гостувањето во поткастот „Џо Роган експириенс“ во ноември 2025 година, тој откри дека по завршувањето на снимањето тежел 126 килограми, додека сега успеал да ја намали својата тежина на 100,9 килограми.
Актерот објасни дека не прибегнувал кон агресивни и брзи диети, туку постепено воведувал промени, фокусирајќи се на долгорочни навики наместо на исцрпувачки тренинзи. Санирањето на долгогодишните проблеми со зглобовите му овозможило полесно да се врати на физичката активност, а направил и клучни кратења кога станува збор за лошите навики.
‒ Се обидувам повеќе да не пијам „од нога“ ‒ рече Кроу, додавајќи дека претпочита да чува чаша вино исклучиво за посебни пригоди.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата