logo
logo
logo

„Среќен пат“ од Лозано пред концертот на 7 март

Vecer | 02.03.2026

„Среќен пат“ од Лозано пред концертот на 7 март

На само неколку дена од неговиот солистички концерт закажан на 7-ми март, еден од најмоќните вокали на нашата музичка сцена – Влатко Лозаноски-Лозано ја објави својата најнова песна – „Среќен пат“. Станува збор за нова емотивна балада со која Лозано повторно ја изненадува публиката. Проект кој носи искрена приказна, а за кој сме сигурни дека ќе допре до многумина.

Текстот за новата песна го напиша младата артистка Луна Ристиќ, музиката е дело на Гоце Симоноски, додека аранжманот го потпишува Лазар Цветкоски. За потребите на оваа песна се сними и видеоспот, на кој како режисери се потпишуваат Гордан Божиновски и Верица Донев Божиновска. Мора да се истакне дека видеото визуелно ја надополнува приказната што ја носи песната и ѝ дава дополнителна емоционална димензија. Инаку главните улоги ги толкуваат актерите Катерина Јовановиќ и Метин Ибрахим, кои брилијантно ја доловија приказната на песната. „

Ми значи многу оваа песна и едвај чекав да ја споделам со публиката. А за многу скоро подготвувам уште едно изненадување – нова песна во соработка со драги колеги од естрадата“, накусо изјави Лозано.

Во меѓувреме, се бројат последните денови до концертот на 7-ми март во спортски центар “Борис Трајковски”. Сè е подготвено за големо музичко шоу, а Лозано и неговиот тим со нетрпение го очекуваат денот кога заедно со публиката ќе создадат вечер за паметење. Влезници за концертот сѐ уште може да купите на www.kupikarta.com.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk